Во Отвореното Студио на ТВ НОВА гостуваше проф. д-р Голупка Нечевска-Цветановска, заменик-директор на ИЗИИС, која има повеќе од 35 години искуство од областа на оценка на повредливоста на објектите, односно сеизмичка заштита на зградите. Таа вели дека немало опасност од земјотресите што го зафатија Скопје, затоа што зградите се проектирани да го издржат катастрофалниот земјотрес од 1963 година.
–Низ моите раце имаат поминато можеби 80% од објектите во Скопје, како проекти во Институтот. Кога дојдов на работа во ’78 година, во тој период имаше уредба од Град Скопје, според која сѐ што се градеше на територијата на Скопје, бидејќи беше блиску до земјотресот од ’63, мораше да помине на верификација и додатна динамичка анализа за да се види каква е неговата стабилност, на сите објекти што се правеа во Град Скопје, изјави Нечевска-Цветановска.
–Верификацијата колку објектите можат да издржат, мораа да се проектираат да го издржат скопскиот земјотрес. Ако знам дека може оваа зграда да го издржи скопскиот земјотрес, оваа 5-ка не може да ѝ направи ништо. Треба да се тргнеме да не дојде до повреда од секундарни оштетувања, меѓутоа зградата ќе остане каде што е, додаде Нечевска-Цветановска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.