| четврток, 6 декември 2018 |

Атентатите врз Путин: Како сè се обидувале да го убијат и како се спасувал

Од 2000 година кога дојде на власт рускиот претседател Владимир Путин најмалку 11 пати бил на мета на атентатори.

Руските безбедносни служби наводно признале дека имало толку обиди за негово убиство. Меѓутоа, се верува дека тој број бил многу поголем, а се шпекулира дека првиот човек на Русија бил  мета и во почетокот на месецов кога среде Москва во тешка сообраќајна незгода загина еден од неговите возачи.

Со оглед на тоа што сообраќајката се случи под се уште неразјаснети околности, (црн мерцедес ненадејно врти во спротивната лента и удрира во БМВ-то на Советот на Федерацијата), се шпекулираше дека всушност станува збор за обид за атентат на Путин. Некои аналитичари тврдат дека постои можност тоа да било само предупредување на лидерот на Русија, кој многу пати изјавуваше дека не се плаши од тие кои што работат да го видат мртов.

Како што откриваат руските разузнавачки служби, првиот обид за атентат на Владимир Путин се случил во Санкт Петербург во 2000 година за време на погребот на неговиот ментор Антолиј Собчак.

Потоа четворица Чеченци и неколку мажи од Блискиот Исток кои наводно планирале атентат над Путин биле уапсени во август 2000 година за време на самитот во Јалта. Две години подоцна, Чеченецот Кјанан Ростам се обидел да го убие Путин во Азербејџан.

Во ноември 2002 година на патот Рублево-Успенскоје, по кој требало да помине Путин со својата делегација, биле поставени 40 килограми експлозив. Иван Заицев, ментално болен човек, се обидел да влезе во Кремљ и да му ја отсече главата на Путин, затоа што верувал дека е германски шпион кој во Русија сака да го донесе нацизмот.


Потоа во 2003 година руската разузнавачка служба открива дека било планирано Путин да биде разнесен со бомба. Имено, на автопатот кој ги поврзува Санкт Петербург и Псков во јуни 2003 година била откриена бомба од рачна изработка само неколку часа пред на истото место да помине Путин со својата делегација.

Британски Сандеј тајмс открива дека Скотланд Јард спречиле двајца Руси во октомври 2003 година да го убијат Путин во знак за одмазда за смртта на критичарот на Кремљ, Александар Литвиненко. Еден од обидите за атентат бил со помош на дрон. Поранешниот чиновник на „Ростроја“, Игор Пузанов, е осуден на девет години затворска казна затоа што имал намера да го убие Путин така што со дрон сакал да фрли експлозив на неговиот автомобил.


Снајперист на денот на изборот на Руската служба во 2008 година планирал да го убие Путин на Црвениот плоштад. Тогаш навреме бил уапсен Таџикистанец кој изнајмил стан на Црвениот плоштад само неколку часа пред Путин да им се обрати на насобраните луѓе.

Во февруари 2012 година, уапсен е Адам Осмајев на истокот на Украина затоа што планирал да го убие претседателот на Русија со напад на колоната на возила во која што бил Путин. И исламистите исто така сакаат да го видат Путин мртов. Руските и украинските тајни служби на 27 февруари 2012 година објавија дека е спречен обид за атентат на Путин. Атентатот тогаш бил планиран на 4 март, а експлозив бил поставен на патот по кој што требало да помине автомобилот на Путин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top