| четврток, 6 декември 2018 |

Земјотрес и во Гевгелија, епицентарот на 20 км на грчка територија

Во 17.11 часот на територија на Грција, во близина на граничниот премин Богородица, се случил земјотрес со јачина од 3.1 степени по Рихтеровата скала, регистрирала Европско-медитеранската сеизмолошка опсерваторија.

Земјотресот бил на длабочина од 2 километри, а епицентарот бил во близина на Архангелос, на 20 километри западно од Гевгелија.

530469-local_

Во последните 48 часа, главниот град на Македонија беше потресен од десетици земјотреси од кои двата најсилни се движеа со магнитуда од 5.4 и 4.8 според Рихтеровата скала. Освен Македонија, земјотреси се почувствувани и во Бугарија, Грција, а западот на Турција се тресе веќе цела недела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top