Горан Бреговиќ место да направи нова химна за претстојното Светско првенство во нордиско скијање во Италија, обработи стар хит на „Бело дугме“ и за тоа зема 84.700 евра. Италијанците, кои го исплатија, воопшто не се задоволни од песната, која потсетува на познатиот хит од „Бело дугме“ – „Хајдемо у планине“.
Тие прво полемизираа околу висината на хонорарот, а потоа се налутија што песната протече на интернет пред почетокот на Светското првенство, кое почнува на 20 февруари. Откако се појави во јавноста, многумина беа разочарани што во песната се работи за „качамак, вино и љубов во колиба“, а никаде не се споменува местото на одржување на спортската манифестација – Пјаца дуомо.
Бреговиќ ја сними химната со 50 музичари и со 70 италијански пејачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.