Продуцентот Горан Тозија кој пред јавноста лее крокодилски солзи дека наводно се водело селективна политика при распределбата на пари за создавање на филмска уметност и дека во последните 12 години не работел на ниту еден филмски проект финансиран од страна на Агенцијата за филм, очигледно го демантираат фактите и бројките кои ги изнесе токму самата Aгенција за филм, а од коi се гледа дека токму Горан Тозија заработувал милиони и ретко како кој друг продуцент искористил пари од државата.
Очигледно Тозија кој во миговите кога ја сквернавеше портата Македонија и се иживуваше врз уметничките релјефи на другите уметници, како дел од платеничката револуција на СОРОС, неговиот паричник константно се богател од речиси сите филмски дела направени во последните години, а финансирани од државата. Додека Тозија во јавноста прокламира дека постои режим, тоа не важи кога и треба да заработи пари од државата. Еве ги фактите кои ја разголуваат манипулацијата на Тозија.
Актуелниот долгометражен игран филм „Ослободување на Скопје“ во режија на Раде Шербеџија, а во кој Горан Тозија е продуцент од државата, односно од Министерството за култура и од Агенцијата за филм добил вкупно 76.456.200 денари. Само за овој филм личниот хонорар платен на Горан Тозија е 3.075.000 денари или 50 илјади евра за еден филм.
Од долгометражниот игран филм „Трето Полувреме“ во режија на Дарко Митревски, а во кој Горан Тозија е извршен продуцент кој е поддржан од страна на Агенцијата за филм и Владата со вкупно 101.500.000 денари, Тозија заработил личен хонорар од 1.132.804 денари.
Горан Тозија е копродуцент и во долгометражниот игран филм со македонски малцински удел „Духот на Баба Илонка“ во режија на Томислав Жаја, за кој проектот има добиено цели 6.000.000 денари, од кои 1.151.000 денари се личен хонорар за Тозија.
Горјан Тозија има работено и на долгометражниот игран филм „Балканот не е мртов“ во режија на Александар Поповски, кој е поддржан од страна на Министерството за култура со 47.820.000 денари и 3.000.000 денари од страна на Агенцијата за филм.
Покрај наведените филмски проекти во кои Горјан Тозија се јавува како дел од продукциската екипа, минатата година тој е поддржан и со финансиски средства од страна на Агенцијата за филм за присуство на Генералното Собрание на Европски продуцентски клуб во Кан, Република Франција, со износ од 244.730 денари.
Кога се парите во прашање вредно е да се одбележи дека Горан Тозија беше дел и од платеничката револуција на СДСМ и СОРОС за која е познато дека во игра беа милиони евра поделени за хонорари на различни учесници во неа преку невладини кои се блиски или финансирани од СОРОС Македонија. Дел од шарената револуција беше и продуцентот Роберт Насков, кој заедно со Дарко Митревски добија од државата односно Владата и Агенцијата за филм 2,5 милиони евра за снимање на филмот „Мис Стоун“, проект кој пропадна поради неможноста да пронајдат странски копродуцент. Слично како и Тозија својата неспособност ја заменија со критики кон Владата, и додека печалат милиони од државата пред народот глумат душегрижници. Додека повикуваат на револуција, тие се истите луѓе кои живеат многу подобро од сите останати граѓани.
Продуценска куќа на сите претходно споменати филмови е „Кино Око“ на Роберт Насков, а сосема перфидно избегнувајќи лична одговорност дури во подоцнежна фаза е ангажиран токму Горан Тозија. Слична е ситуацијата и со режисерите Унковски и Поповски, кои додека со едната рака сквернават по релјефите на децата бегалци од Егејска Македонија, и бројни значајни симболи на македонска држава и народ, земаат огромни суми на пари и заработуваат десетократно повеќе од сите останати.
За претставниците од филмската индустрија ваквите напади преставуваат обична манипулација за пред јавноста. Тие посочуваат дека се памети и времето на СДСМ во кое Тозија беше дел во кабинетот на Црвенковски, кога не беше доделуван ниту денар на реален и транспарентен начин за правење на уметност. Тие велат дека во тоа време беше невозможно без одобрение на министерот за култура на СДСМ Благоја Стефановски, Тозија и режисерот Унковски да се земат пари за било какво уметничко дело и дека се паметат нивните поделби на неподобни и подобни режисeри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура