Унгарија треба да биде исклучена од Европската унија, смета луксембуршкиот министер на надворешни работи и европски прашања, Жан Аселборн, пренесува ДПА.
– Земјите како Унгарија, кои креваат огради поради бегалците од некоја војна, или оние, коишто ја нарушуваат слободата на говорот и независноста на судството, треба привремено, а некаде и засекогаш да бидат исклучени од ЕУ. Тоа е единствениот начин да се сочуваат единството и вредностите на Унијата – изјави Аселборн во интервју за денешен „Велт“.
На 2 октомври во Унгарија ќе има референдум, на којшто граѓаните ќе треба да одговорат на прашањето дали ги прифаќаат квотите за прераспределување на мигрантите во државите членки на ЕУ.
Аселборн ја даде изјавата неколку дена пред унгарскиот премиер Виктор Орбан да се сретне со лидерите на другите земји од Унијата, што е закажано за в петок во Братислава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција
-
Андреј Бабиш: Чешка нема да прима ниту луѓе кои бегаат од војна!
-
Унгарија нема да отстапи пред уцените за фондовите на ЕУ