Во рамките на проектот Европа РЕ којшто беше во функција на промовирање на осигурување од катастрофални ризици, Светска банка даде една силна поддршка со ангажирање на светска реномирана куќа која има искуство на глобално ниво во однос на снимање на ризици, на изложеност и тоа на двата најнепосакувани, а најчесто случувани ризици, а тоа се земјотрес и поплава, рече во Отвореното студио на ТВ Нова директорот на Агенцијата за супервизија на осигурување, Климе Поповски.
„Имаме една веб-апликација којашто се вика CATMonitor, при што секој граѓанин може слободно да се регистрира. Апликацијата е многу пријателски ориентирана, има на македонски јазик, на албански и на српски јазик, бидејќи се однесува за тие три земји што се дел од проектот“, вели Поповски.
Потребно е да се регистрирате на страницата со што добивате свој профил и таму ќе ги внесете податоците за вашата куќа или стан, како што се општина и улица на објектот и самиот програм ќе го мапира вашето место на живеење.
„Врз база на тоа мапирање на ризици, се користат податоци од еден стогодишен период, искуства со земјотреси што се случувале на територијата на Република Македонија, ќе ви каже колку сте вие изложени на тој ризик“, рече Поповски.
Апликацијата можете да ја најдете на адресата www.catmonitor.com.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.