| четврток, 6 декември 2018 |

„Најсреќниот малерозен човек“ преживеал скршен врат, четири инфаркти, кома, супервирус и рак на тестиси

25 годишниот Британец Метју Хоксли моментално го живее својот „деветти живот“. Ова момче од пред две години до сега преживеал еден куп ситуации од кои многумина не би имале среќа да се спасат ниту еднаш.

Неговите преживувања почнале во јуни 2011 година кога при скок во вода удрил во карпа и го скршил вратот и пет пршлени. Во следниот половина час  четири пати доживеал инфаркти а лекарите од брзата помош го враќале во живот, но потоа паднал во кома. Пет недели подоцна се разбудил, но тоа не било крај на неговите маки. За време на престојот во болницата заболел од супервирус, вид бактерија, од кој добил запаление на белите дробови. Го преживеал на тоа и згора на се успеал да застане на нозе и покрај прогнозите на лекарите дека нема да може никогаш да оди. Но непосредно откако е отпуштен од болница лекарите му дијагностицирале рак на тестиси. Сепак, и во оваа битка Хокси не се предал. Успешно ја минал операцијата за на крај да му соопштат дека е чист.

Денеска, две години потоа, верувале или не, сето тоа е зад него, а Хокси себе си се смета за најсреќниот малерозен човек во Велика Британија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top