Контроверзниот рапер Снуп дог во интервју за магазинот Ролинг Стоун отворено признава дека во младоста се занимавал со проституција и со трговија со дрога. Тој рекол дека продолжил да работи како макро и да продава дрога и откако станал славен.
– Организирав турнеи за Плејбој. Во автобусот ставав десетка… кои ме следеа каде и да одам. Правев што сакам и спиев со кого сакам, а им местев проститутки и на славни фаци и спортисти. Подоцна престанав да земам провизија и сите пари им ги оставав на проститутките затоа што чесно ги заработуваа. Не го правев веќе тоа за пари туку за задоволство, вели тој во интервјуто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.