Убавината боли. Во прилог на ова тврдење оди и најновото истражување на психологот Џошуа Олтманс од Кентаки универзитетот кое дојде до прилично изненадувачки заклучок во врска со тоа како се однесуваме кон партнерите.
Џошуа и колегите пд другите универзитети открија нешто прилично интересно-ако мислиме дека партнерот е поубав и поатрактивен од нас, постојат двојно поголеми шанси да почнеме да искажуваме одредени однесувања за да се погрижиме никогаш да не не остави.
Ова има смисла, знаеме што имаме и не сакаме тоа да го изгубиме. Се разбира дека ќе направиме се во рамките на можностите за да се погрижиме партнерот да дознае дека го цениме.
А сега лошите вести – барем за некои.
Во случај да мислиме дека партнерот е помалку привлечен од нас, значително поретко се трудиме да го направиме среќен.
Така е, науката тврди дека сме прилично грозни личности доколку се забавуваме со личност за која сметаме дека е помалку привлечна од нас.
Ова сознание воедно може да се објасни и зошто супер згодните девојки се забавуваат со просечни типови-секогаш е подобро ти да бидеш тој кој е во доминантна положба, плус, дополнително внимение не му пречи никому.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.