| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар и Ихнева го раскинаа договорот

alena-ihneva

Младата ракометарка Алена Ихнева не е повеќе дел од македонскиот шампион ЖРК Вардар, објави клубот на својата официјална веб-страница. Руската интернационалка дојде како засилување во редовите на „црвено-црните“ пред две сезони од Лада Толјати, а договорот и беше во важност од три години. Ракометарката која игра на позицијата лев бек побарала да се раздели со клубот и си заминува како слободен играч.

– Ихнева изрази желба да замине, и тоа клубот го почитува давајќи и можност да продолжи во друга спортска средина. Две сезони ги бранеше боите на Вардар и клубот е среќен што во своите редови имаше таков играч. На Алена и посакуваме многу среќа во спортската кариера и животот – изјави Давор Стојаноски за клупскиот сајт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top