Во 14.19 часот е регистриран нов земјотрес во Скопје. Потресот е почувствуван во централното градско подрачје и во периферијата.
Епицентарот на овој земјотрес со интензитет од 3,7 степени според Рихтеровата скала е на еден километар од Црешево, односно на девет километри североисточно од Скопје.
Претходно посилен потрес почувстувавме во 11.50 часот. Според Европскиот сеизмолошки центар интензитетот на овој потрес бил 2,3 степени по Рихтеровата скала, а епицентарот бил на шест километри од Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.