| четврток, 6 декември 2018 |

Признание за професионалноста на ТВ „Нова“: Интересот на гледачите и моќта на информацијата на прво место

 

Телевизија „Нова“ во текот на вчерашните серија земјотреси уште еднаш го докажа високото ниво на професионалност. Уредничкиот тим, кој вчера беше предводен од Анита Петровска- Рајковиќ, покажа голема присебност и посветеност во моментите на паника и вознемиреност и ги долови, буквално, сите можни информации, кои навремено им беа пласирани на гледачите.

Tимoт на телевизија „Нова“ на чело со главниот и одговорен уредник Билјана Василева-Трендафилова остана на висина на задачата и професионално известуваше дури и при вакви природни непогоди. Со постојана програма во живо, телевизијата веднаш по најсилниот земјотрес во 15.10 часот со присебна реакција меѓу првите извести за потресот, кој беше посилен од утринскиот и притоа во сопственото студио покажа дел од оштетената сценографија.

ТВ „Нова“ уште еднаш покажа посебна подготвеност и посветеност и во моментите на општа вознемиреност крајно професионално во интерес на потребите на граѓаните распореди повеќе екипи на терен и преку линковски јавувања во живо директно ја долови атмосферата и ситуацијата на скопските улици.

Гледачите буквално можеа да ја “почувствуваат веста“ и веднаш можеа да ги слушнат изјавите на директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, Михаил Гаревски, беа прикажани снимки од дрон кои ја покажуваа ситуацијата во Скопје во моментот, а неколку екипи постојано беа на терен и од нивните јавувања директно можеше да се види каква е ситуацијата, дека граѓаните се излезени на улица, какви и колкави се ошттеувањата. Со линковски јавувања од Сеизмолошкиот центар, граѓаните можеа да слушнат за сите детали и препораки со цел да се заштитат од нов земјотрес.

feel-the-news

Ваквиот професионален однос на тимот на ТВ „Нова“ и Анита Петровска- Рајковиќ, кои останаа крајно присебни и посветени на работата и дел од нив на чело со Петровска-Рајковиќ останаа во студиото иако постоеше ризик од нов силен потрес, заслужува јавно признание и воедно претставува пример за тоа како се известува во вакви ситуации. Интересот на гледачите и моќта на информацијата беа ставени на прво место дури и во моментите на најсилниот земјотрес кога речиси сите граѓани излегоа на улиците.

Вчерашнто известување на ТВ „Нова“ претставува само продолжение на професионалноста која гледачите веќе можеа јасно да ја видат и препознаат при поплавите во скопскиот регион минатиот месец, кога телевизијата викендот на 6 и 7 август беше единствената која со јавувања во живо ја долови катастрофалната ситуација на терен.

Исто така, при државниот удар во Турција, ТВ „Нова“ беше единствената телевизија што во текот на ноќта постојано емитуваше програма во живо, тогаш исто така во студиото беше Анита Петровска-Рајковиќ, која до раните утрински часови неуморно известуваше и ги пренесуваше најновите информации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top