| четврток, 6 декември 2018 |

Утрово регистриран нов земјотрес

До 10 часот утрово Сеизмолошката опсерваторија регистрирала дестина послаби потреси. Земјата се тресела ноќта и во текот на утрово. Последниот бил регистриран околу 10 часот со магнитуда од 2 до 2,5 степени според Рихтер.

– По синоќешниот земјотрес во 20,57 часот имаше уште слаби земјотреси, кои беа почувствувани. Последниот беше некаде пред половина час, но тоа беа слаби потреси со Рихтерова магнитуда меѓу 2 и 2,5 степени а почувствувани се со интензитет од 3 до 4 степени според европската макросеизмичка скала – вели Драгана Черник од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ во Скопје.

Таа додава дека нема простор за паника.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top