| четврток, 6 декември 2018 |

Турција: 11 лица повредени во експлозија во градот Ван

eksplozija

­ Силна експлозија го потресе денеска градот Ван во југоисточна Турција. Во експлозијата на автомобил­бомба, чија цел била окружната централа на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), повредени се 11 лица, јави приватната турска телевизија Си­Ен­Ен­Турк.

– Нема загинати, изјави пратеникот од владејачката партија Бурхан Кајатурк во живо за Си­Ен­ Ен­Турк.

Тој прецизира дека зградата на партијата била добро обезбедувана и не претрпела големи штети. Нападот е извршен во првиот ден од големиот муслимански празник Курбан Бајрам, забележува телевизија.

Експлозијата се случи околу 11 часот, во област каде освен окружната централа на АКП се наоѓа и зградата на локалната Окружна управа. На местото на експлозијата се испратени голем број амбулантни и полициски, како и противпожарни екипи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top