Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски испрати честитка до поглаварот на Исламската заедница во Република Македонија господин реис-ул-улема-хаџи Сулејман-eфенди Реџепи и до сите верници од исламската вероисповед.
„Македонија е земја во која различностите на вери и култури се нашето најголемо богатство. Со векови сме развивале соживот и толеранција, и тоа е наш аманет кој треба да го оставиме за сите идни генерации да продолжат да го негуваат. Тоа се нашите основни вредности и наша традиција, односно нашиот несомнено огромен придонес кон глобалното општество кое заеднички го градиме и во кое сите живееме. Почитта кон другиот води кон разбирање на неговите чувства и традиции. Ова е клучот на нашата заедничка мисија, во градењето просперитет и благосостојба за сите граѓани на нашата Република Македонија“,вели Груевски во честитката.
Духот на солидарноста, кој е симбол на овој празник, додава тој, нека ги води сите верници и оваа година и нека биде поттик кон добри дела како кон блиските, така и кон соседите, непознатите, посиромашните и болните.
„Духовните вредности, кои секоја вера ги има, се столбот кон градењето еден подобар свет, бидејќи тие се и универзални вредности. Нека празничните мигови, Вие, нашите сограѓани муслимани ги поминете во хармонија, добра мисла и споделување со луѓето кои ве опкружуваат. Добрите дела не познаваат разлики, туку се израз на сплотеност и заедништво“, пишува во честитката упатена по повод празникот Курбан-бајрам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски