| четврток, 6 декември 2018 |

Венгер: Конечно можам да кажам дека сме зрели за титулата

arsen-venger

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, вели дека неговиот тим конечно е подготвен за титула во Премиер лигата.

Тимот од Лондон во првите четири натпревари сезонава оствари две победи, реми и пораз, и во моментов се наоѓа на шестата позиција со седум освоени бода. Венгер нагласува дека неговите играчи конечно се зрели за освојување на шампионската круна.

– Ова е најзрелата екипа која ја имам, по долго време. Веќе сме подготвени за големи нешто. Не сме на 19 и 20 години, но веќе имаме 24, 27 и 28 години. По долго време конечно сум среќен што имам група мажи кои се подготвени за вистинско натпреварување – вели Венгер и дополнува:

– Секогаш верував дека имаме тим за големи дострели, дури и со млади играчи, но сега конечно имаме и доволно искуство.

Арсенал вчера на „Емирати“ славеше против Саутемптон со 2-1 со гол од пенал во судиското продолжение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top