Времето денеска во Македонија ќе биде нестабилно, со локален пороен дожд и грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 17, а дневната од 24 до 29 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува пет.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Температурата ќе се движи од 16 до 27 степени.
Од утре ќе настапи стабилизирање на времето по што следува период на стабилно и суво време со постепен благ пораст на дневната температура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


