Модерната наука не може точно да предвиди дали ќе се случи земјотрес, кога ќе се случи и како ќе се случи. Сеизмолизите рекоа дека доколку било возможно тоа да се предвиди, определена ситруација на постоење опасност од земјотрес, тоа најразвиените земји од типот на Јапонија, САД, Германија би ги предвиделе, изјави по состанокот владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
– Затоа, како Управувачки комитет сакаме да апелираме, како институции да се воздржиме од шпекулации кои се веќе присутни во јавноста, по социјалните мрежи, каде што се оперира со конкретни саати во кои што ќе се случи наводно определен земјотрес, каде што се оперира со јачина на евентуален земјотрес кој што би се случил, да се воздржат сите лица, субјекти од пласирање на вакви дезинформации, затоа што науката тоа ни го потврдува, не постои таков систем кој што може да предвиди земјотрес. Тоа е најбитно, да се раководи целокупната јавност од препораките кои што се стручни, кои се базирани на светски искуства – рече Ѓорѓиев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.