| четврток, 6 декември 2018 |

Почувствуван уште еден послаб потрес во Скопје

Вечерва по 21 часот, нов земјотрес е почувствуван во Скопје со јачина од 2,1 степен според Европската сеизмолошка станица. Земјотресот бил со длабочина од 9 километри.

Многу граѓани на Скопје и околината се вознемирени  и ги напуштија своите домови. Во текот на денот имаше повеќе потреси, при што најсилен беше оној во 15.10 часот од 5,3 степени според Рихтер.

Експертите не можат да потврдат дали ќе има нови потреси, а во текот на денот се апелираше до граѓаните да не паничат. Воедно беа споделени совети за тоа како граѓаните можат да се заштитат при земјотрес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top