До Центарот за управување со кризи денеска имало 80-тина јавувања, а граѓаните досега известиле за околу 30-тина штети кои се настанати во рамките на нивните објекти, изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
– Покрај тоа што граѓаните ќе можат да ги пријавуваат своите потреби за присуство на стручни тимови, Управувачкиот комитет ги задолжи сите општински кризни штабови во градот Скопје, како и кризниот штаб на Град Скопје, да извршат паралелно обиколка на сите определени места во нивната општина, особено во проверка на патната инфраструктура, инфраструктурата во делот на водовод, канализација, рече Ѓорѓиев.
Управувачкиот комитет апелира да нема лажни повици, и да се пријавува само ако има пукнатини на ѕидови и потпорни греди на тврди градби, а не на помошни простории.
На оние, пак, на кои им е потребна медицинска помош да се јават на бројот 194.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.