По попладневниот силен земјотрес во Скопје, дел од општина Центар остана без струја. Од ЕВН информираат дека се вклучил системот за автоматска заштита, по што некои од трансформаторите автоматски се исклучиле како дел од превентивната заштита од можни посериозни куршлуси.
Во централното градско подрачје не работат ни семафорите. Според Европско Медитеранскиот сеизмолошки центар се работи за земјотрес со ист епицентар во Црешево, односно Смилковци на длабочина од 2 километри. Според скалата на Рихтер се работи за земјотрес со силина од 5.4 степени, кој силно беше почувствуван во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.