
Не можеме да знаеме каков би бил следниот удар. Повеќе од сигурно е дека ќе има афтершокови. Да се надеваме дека ова беше главниот удар, вели Михаил Гаревски, директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, во изјава за „ТвНова“.
Гаревски вели дека е необично што има голема разлика во магнитудата меѓу утринскиот земјотрес кој го погоди Скопје, и тој што се случи попладнево. Утринскиот, кој беше пред седум часот утринава беше со јачина од 3,9 степени по Рихтеровата скала, а попладневниот, кој се случи во 15 часот и десет минути беше со јачина од 5,3 степени по Рихтеровата скала.
– Ако е ова главниот удар, можеби ќе има афтершокови. После магнитуда од 5,3 степени може да дојде до уште некои тресења. Од магнитуда 5,3 до 3,9 има огромна разлика, скалата не е линеарна – рече Гаревски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


