| четврток, 6 декември 2018 |

Силен земјотрес со јачина од 5 степени почувствуван и во Прилеп

56

Според Европскиот Медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил со магнитуда од 5 степени според Рихтер, а епицентарот бил на 7 километри источно од Скопје. Земјотресот беше силно почувствуван и на територијата на Прилеп, при што ги вознемири граѓаните, јави локалниот веб сајт, Маркукуле.

Земјотресот е почувствуван и во Србија и Косово.

Потресите следат откако утринава во истото епицентрално подрачје беше регистриран земјотрес со јачина од 3,9, односно од 2,8 степени по Рихтер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top