| четврток, 6 декември 2018 |

Втор силен земјотрес ја потресе Македонија

zemjotres

Пред некоја минута уште еден силен земјотрес го потресе главниот град. Куќите во Скопје се стресоа овој пат уште посилно отколку во првиот земјотрес кој утровот во 6:57 го погоди градот.

Според првичните информации од Европскиот сеизмолошки центар јачината на земјотресот била 5 степени според европската скала.

Откако оној утрото најмногу го почувствуваа жителите на Скопје, за вториот земјотрес во 15:10 часот и жителите на Прилеп, Битола, Свети Никола и други македонски градови, сведочат дека и таму имало потреси.

Се очекуваат информации за овој втор земјотрес наскоро.

144

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top