| четврток, 6 декември 2018 |

Две лица нападнати и ограбени во Скопје

policija

Две лица се ограбени во Скопје во две одделени кражби во текот на вчерашниот ден при што во едниот случај се украдени 20 илјади денари, а во вториот 1.500 денари.

Полицијата денеска соопшти дека на автобуската станица кај Веро Џамбо вчера околу 17:30 часот од страна на четири непознати лица бил ограбен А.П. во моментот кога се симнувал од автобус. Тој бил удрен по главата со тврд предмет по што му бил украден паричникот во кој имало 20 илјади денари. Повредениот бил пренесен во Градската општа болница „Наум Охридски“ каде му се констатирани телесни повреди.

Во вториот случај бил ограбен М.И. вчера околу 20 часот на булеварот „Партизански одреди“ од страна на три непознати лица кои физички го нападнале и му украле 1.500 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случаите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top