| четврток, 6 декември 2018 |

И вечерва напнато во СДСМ, Заев најавува повлекување на кандидатурата

zoran-zaev-3-Врие во СДСМ. И вечерва тензии, напнатост, кавги. Партиски извори тврдат дека по кавгата која настанала за време на одржувањето на Извршниот одбор на СДСМ, потпретседателот Зоран Заев најавил дека ќе ја повлече кандидатурата за претседател на СДСМ. Сѐ уште нема официјална потврда дали Заев се повлекува и нема да влезе во трката за лидерска позиција на конгресот што е закажан за 2 јуни. Засега јавно се обелоденети четири кандидатури. Покрај  Заев, која сега е под знак пашалник, за ова место во трка влегоа и Игор Ивановски, Кире Наумов и Зоран Јовановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top