Грчите полицајци и пожарникари со хеликоптери и противпожарни возиле се уште го гасат огнот кој избил во близина на манастирот Хилендар, јавија грчките медиуми.
Во гасењето учествуваат над 50 пожарникари, 14 возила како и 44 волонтери со пет различни мапшини, пренесе RTS.
Во акцијата ангажирани се и повеќе хеликоптери и воени летала, а како и пожарите кои избија на островот Тасос, и за овој се претпоставува дека бил предизвикан по удар на гром.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.