| четврток, 6 декември 2018 |

Европскиот сеизмолошки центар неколку пати ги корегираше информациите за земјотресот во Скопје

zemjotres

Откако утрово земјотрес го стресе Скопје три минути пред 7 часот, Европскиот сеизмолошки центар три пати ги менуваше информациите за истиот, а дури го промени и епицентарот. Откако најпрво јавија дека замјотресот бил со јачина од 3,9 степени по европската скала, потоа ја променија бројката со 4,4, за на крај да ја корегираат јачината на 3,8 степени.

По потресот повеќе домашни медиуми објавија дека пред овој земјотрес имало уште еден два часа порано со епицентар во близина на границата со Косово.

Сепак, не се работи за нешто такво, туку Европскиот сеизмолошки центар на својата веб страна има координирано универзално време, од кое што ние сме два часа понапред, па всушност кога даваат информации за земјотрес во 04:57, се работи за истиот кој Скопјани го почувстуваа во 06:57.

Кратенката UTC – Coordinated Universal Time (UTC) која стои до времето 4:57 е координирано универзално време, но локалното е 6:57, што значи дека се работи за еден ист земјотрес

458

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top