Силен земјотрес утрово во 6.57 часот го стресе главниот град. Според информациите на Европскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил со јачина од 4.4 степени според европската скала, на длабочина од 2 киометри. Епицентарот на земјотресот бил на 3 километри југоисточно од Скопје.
Силниот потрес буквално ги крена од кревет скопјани и силно вознемирени ги извади надвор на улица. Освен бутнати слики и други предмети во домовите, за сега нема информации за штети и повредени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.