Израелската воена авијација по втор пат неделава изврши воздушни напади врз цели во Сирија, откако во северниот дел на Голанската висорамнина експлодира проектил, истрелан од територија на Сирија.
Нападите се извршени врз позиции на сириската артилерија. Нема повредени, додека сличен инцидент имаше и во четвртокот.
Според весникот „Ерусалим пост“ не е јасно кој ги истрелал гранатите. Израелската армија претходно објави дека ги сметаат сириските власти одговорни за секој напад врз територија, контролирана од Израел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.