| четврток, 6 декември 2018 |

Турција: 650 кг. експлозив за убиство на вториот човек на АКП

Турските власти соопштија денеска дека е спречен план за убиство на заменикот претседател на Партијата на правдата и развојот (АКП) Мехди Екер.

Нападот е планиран со користење на 650 килограми експлозив поставен во близина на неговата семејна гробница.

Експлозивот, како што информираат властите во југоисточниот град Дијарбакир, е откриен на пет различни места на гробот во округот Бисмил, во близина на местото каде е закопана мајката на Екер.

Екер денеска требало да го посети гробот со цел да оддаде почит на неговите починати роднини, во пресрет на муслиманскиот празник Курбан бајрам. Тој за телевизијата НТВ изјави дека во изминатите 30 години ги посетува гробиштата, како и дека најмалку 100 луѓе требало да му се придружат на денешната посета.

Не е познато која група стои зад обидот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top