| четврток, 6 декември 2018 |

Невработеноста се топи – политиките даваат резултати

Политиките за привлекување странски инвестиции, поддршката за домашниот приватен сектор и активните мерки за отворање нови работни места даваат резултат. Невработеноста во Македонија падна на историски најниско ниво од 24%, анализира Лидер.

Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека активното население во земјава во вториот квартал броело 948.376 луѓе. Од нив, 720.674 се вработени, а 227.702 се невработени.

Стапката на вработеност изнесува 42,9%, а стапката на невработеност 24%.

fsdfsafs-480x149

Според економистите, ова е показател дека владините мерки и политики се правилни и веќе даваат резултат, а сосема е извесно дека позитивните трендови ќе продолжат и во иднина и ќе се остварат прогнозите на Владата за пад на невработеноста од 22% до 2018 година.

„Ако е сè како што треба, и во 2017 година ќе има повидлив пад на невработеноста, дури и повеќе од предвидувањата на Владата, односно и под 22% во првите шест месеци. Сепак, тоа ќе се случи ако имаме стабилни политички и економски односи во државата“ – вели доцентот од Правниот факултет, д-р Лазар Јовевски.

Бројките на Државниот завод за статистика покажуваат дека стапката на невработеност во второто тримесечје е намалена за 0,5% во однос на првото тримесечје, а за цели 2,8% во однос на истиот период минатата година. Во апсолутни бројки, за една година се отворени 21 илјада нови работни места.

Невработеноста во време на ВМРО-ДПМНЕ намалена за 12%

Ако се анализираат податоците на Државниот завод за статистика може да се заклучи дека невработеноста за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ е намалена за цели 12%. Во 2006 година стапката на невработеност изнесувала 36%, а сега е 24%.

tabela-nevrabotenost-po-pol

Убедливо највисоки стапки на невработеност во земјава се регистрирани во 2003, 2004 и 2005 година, за време на владеењето на СДСМ, и тоа од 36,7%, 37,2% и 37,3%.

Активното население во 2005 година, кога стапката на невработеност е огромни 37,3% изнесувало 545.253 луѓе. Стапката на вработеност била 37,9%.

„Вкупно во државава има регистрирани 720.000 вработени, за разлика од 2006 кога влеговме во Владата кога беа некаде околу 560.000.  Тоа значи дека 160.000 луѓе повеќе се вработени отколку во 2006 година. Улогата на политичарот е да ги решава главните проблеми на граѓаните. Ако главниот проблем е невработеноста и ако за овој период од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ сме отвориле нови 160.000 работни места, односно 160.000 граѓани се вработиле, тоа значи дека ние сме ја погодиле целта и сме го вложиле нашиот труд и нашиот фокус на вистинското место. И тоа има свои резултати што мене ме прави задоволен“ – вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

vrabotenost-640x360СДИ и активните мерки ја постигнуваат целта

Привлекувањето странски инвестиции, отворањето нови фабрики, поддршката за домашниот приватен сектор преку активните мерки за вработување даваат резултат, се отвораат нови работни места и од странските и од македонските компании. Еден од главните генератори на нови работни места е проектот „Македонија вработува“.

„Заштедата на компаниите со новите вработувања е голема и изнесува 1.500 евра за едно лице. Со оваа мерка се намалува невработеноста во државата што е еден од условите за успешна реализација на проектот. Со овој проект се отворени  18.900 нови работни места во државата“ – вели дополнителниот заменик – министер за труд и социјална политика, Диме Спасов.

„Субвенционирањето, односно ослободувањето од придонеси во одреден дел е мерка која влијае на активната политика на вработување, со цел да се активираат ресурсите и да се намали стапката на невработеност“ – објаснува професорот Јован Пејковски.

Во исто време, се зголемува и бројот на нови работни места во слободните економски зони, до крајот на годинава се очекува да бројат над 7 илјади вработени.

„Компаниите кои веќе се инвеститори ни помагаат да ги привлечеме или да ги „нападнеме“ оние кои сакаат да инвестираат. Во моментов преговараме со повеќе компании, поголем број од нив се од автомобилската индустрија“ – вели првиот човек на слободните економски зони, Виктор Мизо.

„Спроведените реформи се позитивни и имаме добри, позитивни резултати. Ние се покажавме како една бренд дестинација за странски инвеститори“ – вели претседателската на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска.

БДП расте и во време на политичка криза

Во исто време со податоците за невработеноста, ДЗС соопшти и дека растот на БДП во вториот квартал е 2,2%, нешто подобар во однос на првото тримесечје. Работите се придвижуваат, главниот генератор на растот е градежништвото со позитива од цели 31%.

Македонија во време на најголемата политичка криза во првото полугодие од 2016 успеа да испорача економски раст од 2,1%.

Сепак, резервираноста е се уште присутна. Има пад кај јавната и кај приватната потрошувачка, но раст бележат бруто – инвестициите од 9,2%. Извозот во вториот квартал пораснал за 7,1%, увозот за 6,9%.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top