Српската полиција во Шид уапси 35-годишен мигрант за кој постои основано сомневање дека во текот на ноќта, по кратка расправа, со нож нанел тешки повреди опасни по живот на 27-годишно момче од Шид.
Повреденото момче е хоспитализирано во Медицинскиот центар во Сремска Митровица, соопшти Танјуг.
На мигрантот е утврден 48 часовен притвор по што, со кривична пријава за убиство во обид, ќе биде изнесен пред јавно обвинителство во Сремска Митровица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.