| четврток, 6 декември 2018 |

Идентификувани жртвите од паднатиот авион, потврдени објавените идентитети

Завршена е идентификацијата на телата на загинатите во несреќата со урнатиот италијански „пајпер“. Од Институтот за судска медицина потврдија дека се работи за лицата чии идентитет веќе беше објавен.

Според процедурите, земен е ДНК материјал од роднините кој бил спореден со жртвите, бидејќи телата имале многу механички повреди од падот на авионот. Претходната вечер, судска медицина ја заврши и обдукцијата на починатите во авионската несреќа кај Кожле, со што нивната работа е завршена, документите се предадени на семејствата, а резултатите на Обвинителството.

Претседателот на Комитетот за истражување авионски несреќи, Сотир Костов изјави дека не треба да се шпекулира за причините кои довеле до несреќата и додава дека посадата на авионот не пријавила никаков проблем, но лошите временски услови најверојатно се една од причините за уривањето на италијанскиот „пајпер“ во близина на Кожле.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top