Вчеравечер во 22.40 часот во Скопје на бул.„ Партизански Одреди“ во угостителски објект дошло до нарушување на Јавниот ред и мир во кое учествувале осум непознати лица од кои пет од едната и три лица од другата страна, соопшти денес МВР.
По претходна расправија помеѓу нив настанала тепачка во која биле употребени различни предмети и делови од инвентарот во угостителскиот објект.
Во тепачката со телесни повреди се здобиле едно шеснаесетгодишно девојче и М.Т. (21) од Прилеп. По нарушувањето сите инволвирани избегале од местото настанот.
По извршени консултации со Јавен обвинител, настанот е квалификуван како кривично дело „насилство“. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.