| четврток, 6 декември 2018 |

Патот Ресен-Битола-Прилеп сѐ уште затворен

Магистралниот пат А-3, Ресен-Битола-Прилеп, кај Битола, поради одрони на патот, е затворен за сообраќај. Сообраќајот се пренасочува низ градот Битола, информира АМСМ.

Сообраќајот на сите државни патишта изутринава се одвива без забрани, по влажни коловози.

Обиколницата Скопје е пуштена за сообраќај во двата правци, но има делови од коловозот кои се оштетени, каде што се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини не се бележат подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top