Сообраќајот на локалниот пат што ги поврзува полошките села Неготино Полошко и Ломница од синоќа е во прекин поради одрон од камења и земја кои паднале на коловозот.
Според првичните сознанија на Дирекцијата за заштитата и спасување , кај месноста „Кисела вода“ на патот, во должина од дваесетина метри се срушила поголема количина на земјен нанос.
Локалните жители случајот го пријавиле во полиција, синоќа околу 20 часот. Од утрово, екипи со механизација од општина Врапчиште се испратени на местото и работат на санирање на свлечиштето, а на терен се екипи на гостиварската Дирекција за заштита и спасување. По увидот ќе се направи проценка кога патот ќе биде расчистен и прооден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.