| четврток, 6 декември 2018 |

Историски минимум: Невработеноста падна на 24 отсто

Стапката на невработеност во вториот квартал годинава падна на 24 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. Ова е историски најниска стапка на невработеност и пад за нови 0,5 отсто во споредба со првиот квартал од 2016 година.Според податоците на Државниот завод за статистика, во вториот квартал годинава бројот на активното население во Република Македонија е 948.376 лица, од кои се вработени 720.674, а 227.702 лица се невработени.

Стапката на активност во овој период е 56,5, стапката на вработеност 42,9, додека стапката на невработеност е 24 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top