| четврток, 6 декември 2018 |

Руси ограбени среде Скопје

Руски државјанин е ограбен откако од неговото возило марка „инфинити“ се одземени патна торба, полначи за телефон и пари.

Кражбата е извршена вчера во периодот од 14.40 до 15.20 часот на улицата „Самоилова“.

Крадецот го исекол јажето со кое била врзана петтата врата од автомобилот, која претходно била оштетена, по што ја одзел патната торба со облека и два полначи за мобилен телефон, женска чанта во која имало патна исправа на име П.К.В., паричник со 500 американски долари и 500 руски рубли, како и апарат за гаснење пожар и комплет за прва помош.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top