Вчеравечер околу 20.00 часот во полициската станица во Велес телефонски се јавил Р.С. (40) и пријавил дека во куќа на ул. „Јордан Џурнов“ , сопственост на неговата тетка Р.С. (66), го пронашол починат неговиот вујко Џ.И. (62) од Велес.
На местото на настанот увид вршеле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.
По барање на Јавниот обвинител увидот во 23.10 часот бил прекинат и ќе продолжи денеска. Телото на починатиот е предадено за обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.