| четврток, 6 декември 2018 |

42 стујардеси „летаат“ од работа – сите беа „болни“ баш на 1-ви мај

Администрацијата на хрватскиот авиопревозник Кроација ерлајнс има намера да им даде откази на 42 члена на авионски персонал кои од 29 април до 2 мај масовно земаа боледувања, објави Јутарњи лист.

Во тој период на боледување биле 48 стујардеси и стујарди што предизвика откажување летови на авиокомпанијата.

Раководството процени дека во 42 случаја станувало збор за прикриен штрајк, потврдија за весникот од Кроација ерлајнс. Сега се очекува извештај од инспектори во здравствените установи што дале боледувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top