| четврток, 6 декември 2018 |

Бостонскиот бомбаш закопан – гробот непознат

Телото на 26-годишниот Тамерлан Царнаев, осомничен за бомбашкиот напад врз учесниците на Бостонскиот маратон на 15-ти април е погребано и не е веќе во градот Ворчестер во американската сојузна држава Масачусетс каде што беше чувано во мртовечница, објави тамошната полиција притоа неоткривајќи каде е закопано телото.

Тамерлан Царнаев постариот од браќата етнички Чеченци кои пред неколку години добиле американски државјанства почина во болницата во Бостон, откако на 19-ти април, четири по нападот што го изведе со 19-годишнито брат Џохар Царнаев, беше тешко ранет во престрелка со полицијата која се обидуваше да ги уапси. Браќата беа откриени во бостонското предградие Вотерстаун.

Прашањето каде ќе биде погребан постариот брат Царанев беше комплицирано откако градските власти на Бостон и на Кембриџ, каде што живеел, убиениот Тамерлан, одбиле да го прифатат телото поради погребот.

Истрагата се води поради терористичкиот напад, како што американските власти ги квалификуваа двете експлозии во интервал од 12 секунди кои одекнаа на 15-ти април на целната рамнина од познатиот меѓународен Бостонски маратон, при што загинаа три лица, од кое едно осумгодишно момченце а 264 беа ранети, од кои на десетина им се ампутирани екстремитети. Ноќта на 20-ти април, по интензивна масивна 24-часовна потрага беше уапсен еден од осомничените како извршител на нападот, 19-одишниот Џохар Царнаев кој е пренесен од болницата во Бостон во затворот Форт Девенс во сојузната држава Масачусетс, каде е хоспитализиран поради раните на вратот и ногата здобиени во престрелка со полицијата при неговото апсење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top