| четврток, 6 декември 2018 |

Томи Стефановски со емотивна порака го официјализираше завршувањето на кариерата

Македонскиот пливач Томи Стефановски на најдобар можен начин ја заврши својата последна сезона во маратонско пливање, освојувајќи ја светската титула во Гран-при серијата на ФИНА.

По третото место во Канада и победата во Охрид, Стефановски на маратонот Капри-Наполи обезбеди пласман кој му го гарантираше триумфот во генералниот пласман, а вчера заслужено доби и официјален пречек од неговите колеги пливачи, соработниците и најблиските кои први му го честитаа големиот успех.

Денеска, Стефановски преку социјалните мрежи го потврди најавеното пензионирање, испраќајќи емотивна порака до семејството, колегите и сите оние кои му помогнале во кариерата.

tomi-fb

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top