Италијански обвинители денеска побараа поранешниот премиер Силвио Берлускони повторно да биде изведен пред суд, овојпат под обвинение за подмитување на еден сенатор.
Судија на еден суд во Неапол треба да одлучи дали се доволни доказите за покренување обвинение против Берлускони и негово изведување пред суд.
Поранешниот италијански премиер е обвинет дека му платил три милиони евра на поранешниот сенатор Серџо Де Грегорио да ја напушти својата партија веднаш по парламентарните избори во 2006 година и да му се придружи на десниот центар.
Неговото дезертирање од таа партија ја ослабна владата на тогашниот премиер Романо Проди, кој имал тесно парламентарно мнозинство и придонесе за нејзин колапс во 2008 година.
Де Грегорио призна дека земал пари, а обвинителите побараа и тој заедно со Берлускони да биде суден за корупција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.