Ни крива ни должна, Јелена Карлеуша повторно се нашла во средина на голем скандал, но овој пат во Турција. Целата работа ја предизвикал младиот играч за врска на Фенербахче, Озан Туфан кој јавно и на сите можни начини преку социјалните мрежи изајвувал дека “ја изгубил главата” по познатата пејачка.
Скандалот воопшто немаше ни да го има, сопругот на Јелена да не беше играч на Бешикаш, еден од најголемите конкуренти на Фенер во Турција. Со оглед на тоа што навивачите на овие два клуба се во крајно непријателски односи, по овие пишувања на турските медиуми, но и по изјавите на младиот играч, многу навивачи на Бешикташ упатиле закани кон Туфан.
Озан станал главна вест во Турските таблоиди откако ги лајкувал сите слики на Карлеуша, а пишувал и разни двосмислеми пораки за неа. Сето ова покренало уште поголема војна помеѓу навивачите на двата клубови, а додека едните велат дека треба да ја остави жената на мира, другите го бранат својот миленик. По големиот притисок од јавноста, Туфан дури и одреден период го деактивирал својот Инстаграм профил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.