Фудбалскиот стратег Марчело Липи го договори својот камбек во кинескиот клуб Гвангжу Евергранде и ќе стане најскапо платениот тренер во светот. Италијанецот веќе ги договорил сите детали со клубот, а до крајот на неделата треба да потпише тригодишен договор. Платата на Липи ќе достигне вртоглави 20 милиони евра по сезона, што е за три милиони повеќе од платата на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити.
Речиси две години Марчело Липи паузираше од фудбалската сцена, а накратко се обиде да биде спортски директор на Гвангжу Евергранде. Со него на кормилото, кинескиот клуб го забележа најголемиот успех во своето постоење освојувајќи три шампионски титули во Кина како и азиската Лига на шампиони.
Липи е првиот тренер кој има клупски титули со клубови од Европа и од Азија, како и светска круна со репрезентацијата на Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.