| четврток, 6 декември 2018 |

Владе Дивац: Дојде време Кристијан Голубовиќ да дели автограми, а Дивац да е криминалец

Две ипол години Владе Дивац не даваше изјави и интервјуа за српските медиуми, освен оние протоколарните, директно врзани за неговата функција на претседател на Олимпискиот комитет.

После многу афери поврзани со неговото име, во интервју за српскиот „Неделник“, какво веројатно никогаш не дал во животот, отворено и пред се огорчено зборува за сите причини поради кои, после осум години, повторно одлучил со семејството да ја напушти Србија.

Во овој разговор првпат зборуца и за „аферата кантримен“ и написите дека „кантрименот“ со кој е прегазен Лука Јовановиќ му припаѓал на неговата сопргуа.

– Тоа се опасни работи и се правени со цел. Тие го зедоа под свое таткото на загинатото момче и манипулиеаат со неговиата болка во остварувањето на нивната цел. Ја ставија фотографијата на Снежана на насловна страна со нејзиниот „мини“ – „мини морис“, а не „кантримен“ – и спинуваат. Пронајдено е момчето што ја предизвика сообраќајката, со два, три или повеќе сведоци кои во моментот беа со него во автомобилот и го снимија моментот на несреќата. Осудени се. Постои снимка на автомобилот каде е евидентно дека тоа е „кантримен“, каков никој никогаш немал во мојата фамилија, но не се знае чиј е автомобилот. И јас мислам дека со причина тоа се крие, бидејќи има само неколку такви автомобили кај нас. Тоа е прва работа. Втора е што тие што кријат чиј е „кантрименот“ можеа и ништо да не кажат, но ја избраа мојата фамилија, со некоја причина. Јас не знам која е причината и каква порака ни испраќаат, не знам што е тоа што треба да го сфатам- вели Дивац.

Тој вели дека претпоставува дека тоа има некаква врска или со Олимпискиот комитет на Србија или со неговата Фондација.

Целото искрено интервју на некогашната НБА ѕвезда прочитајте го на „Неделник“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top