Интензивни борби изминативе неколку дена се зебележани на улиците на либискиот град Сирт, во кој владините сили и милитантите на ИД се борат за котрола на градот.
Либиските владини сили со седиште во Триполи поддржани од ОН, со асистенција на американските воени сили, се обидуваат да го вратат Сирт под своја контрола. Планирано беше овој град да биде ослободен од терористите уште на 30 август, но акцијата се уште трае.
ИД презела контрола над Сирт во 2015 година во хаосот кој настана во земјата по падот на поранешниот либиски лидер, Моамер Гадафи.
Сега бригадите лојални на либиската влада вложуваат крајни напори заедно со поддршката од странските сојузници за да ја вратат контролата во овој приморски град. Милитантите во моментов се опкружени во градот и претрпуваат големи загуби, а како што јавија медиумите, дел од нив и молеле за милост за да се спасат. Сепак либиските воени сили не им го дозволуваат тоа.
Минатата недела Пентагон соопшти дека џихадистите вратиле под своја контрола три кварта во Сирт со група од над 200 борци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”
-
Приходите на ИД од продажбата на нафта за две години се намалија за 90 отсто
-
ИД ја презеде одговорноста за нападот во лондонското метро