Американскиот поранешен разузнувач, Едвард Сноуден, по објавувањето на доверливи документи, побарал да се засолни во Хонг Конг, меѓу бегалците. Сноуден во мај 2013 година дал отказ во Националната безбедносна агенција (НСА) и отпатувал во Хонг Конг и оттаму почнал да објавува доверливи податоци за глобалните програми за следење, со што предизвика еден од најголемите скандали со објавување на тајни информации во американската историја.
Пред да бидат објавени информациите, тој престојувал во скап хотел, но потоа малку се знае за неговото движење, пишува „Њујорк тајмс“. Меѓутоа, денеска објавениот извештај на „Њујорк Тајмс“ покажува дека побарал засолниште меѓу 11.000 азиланти во Хонг Конг. Многумина од нив се принудени да живеат во картонски населби, поради што, никој меѓу нив не би го барал еден од најпознатите американски бегалци.
За време на криењето, тој престојувал кај најмалку четворица бегалци. Сите од нив биле клиенти на адвокатот Роберт Тиба, кој му помагал на Сноуден да се крие.
– Беше јасно дека ако Сноуден се смести во бегалско семејство, тоа ќе биде последното место каде Владата и општеството во Хонг Конг ќе очекуваат да го најдат, изјави Тибо за „Њујорк тајмс“.
Сноуден пристигнал во Хонг Конг на 20 мај 2013 година и почнал да објавува информации за тоа како НСА ги прислушкувала разговорите и компјутерските системи, со што предизвика вознемиреност кај владите во целиот свет. Ванеса Мае Бондалиан, кај која Сноуден престојувал одредено време, го опиша како „многу загрижен и уплашен“. Таа вели дека се шокирала кога го прочитала текстот за него во локалниот венсик.
– Ох, Господе, најбараниот бегалец во светот е во мојата куќа, објаснува таа, што полислила тогаш.
Сноуден се криел и кај бегалци од Шри Ланка, кои велат дека не биле загрижени затоа што му дале засолниште, бидејќи тој бил во многу поголема опасност отколку тие. Едно од тие семејства вели дека Сноуден им оставил пари под перница пред да замине. Исчезнал од неговиот хотел на 10 јуни а потоа на 23 јуни го напуштил Хонг Конг и заминал за Москва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.